Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ има јасен став по принципот непромена на Уставот

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ има јасен став по принципот непромена на Уставот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алфа вели дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија којашто не само што има кристално јасен став, туку тој беше прецизен, недвосмислен и континуиран во целиот овој период додека ова прашање беше актуелно, додека се водеа тие т.н. преговори. 

„ВМРО-ДПМНЕ како сериозна, одговорна и народна политичка партија која што својот легитимитет го црпи од граѓаните на Република Македонија, нормално е да спроведе поширок опфат на консултации со истите“ - рече тој. 

Мицкоски потенцираше дека  ВМРО-ДПМНЕ има јасен став по принципот непромена на Уставот, односно непромена на уставното име,  односно така наречениот ерга омнес концепт и  додаде дека ВМРО-ДПМНЕ јасно го квалификува договорот во кој што не учествуваше како капитулантски и договор кој што е штетен за македонските и националните интереси на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести