МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО основано во 1893 година
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, негов легитимен и идеолошки наследник.
По повод јубилејот – 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски изјави дека овој ден не е само празник, туку е и повик на одговорност, повик на надеж и заедништво.
„ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и притисоци, се бореше за свој идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност. Не треба никој да заборави дека тоа се темели изградени со човечки страдања, со крикот на илинденците и победата на АСНОМ-ците, со заветот на комитите и војводите, со плејадата мажи и жени кои гинеле за нашата слобода, кои поразите ги надминувале со пркост, а до победите доаѓале со надеж и непобедлива волја“, рече Мицкоски.Кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка организација и детаа ка е жив дух, потекло и продолжение на македонската борба за слобода и правда.
Слично
