Мицкоски: Власта удри по стандардот, реалноста е тешка и мачна
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва од протестот пред Владата изјави дека доста е од направди во државата.
Вели дека Македонија е жива, а тоа го докажал народот на протестот. Додава дека од денес нивниот глас ќе татни насекаде низ Македонија, во секој град и село.
„Тука сме собрани оваа вечер илјадници, реки граѓани, исправени, со име, со чест, со пркос, со волја која мора да донесе промени. Никогаш Македонија не видела толку многу болка како овие години“, рече Мицкоски.
Вели дека во Македонија се случува народ. Рече дека граѓаните добивале ветувања за посреќни денови, а не добиле ништо.
„Власта удри по стандардот, по образованието, по земјоделството, по перспективата на овие млади луѓе. Гладот не знае за вера и нација“, додаде Мицкоски.
Вели дека реалноста е тешка и мачна, додека претставници на власта јадат со златни лажици.
„Подавам рака за овој договор, за овие работи да ги менуваме на подобро“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Кажа дека промени мора да има. Мицкоски рече дека големата цел е пораз на погрешните политики на оваа власт. Рече дека само на 8-ми Септември и на овој собир видел толку многу луѓе.
