Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Владата размислува да воведе дополнителни даноци за немажени и неженети

Мицкоски: Владата размислува да воведе дополнителни даноци за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата размислува да воведе дополнителни даноци за немажените и неженетите граѓани. На дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, која денеска се одржа во свечената сала во Владата рече дека е раѓаат се помалку деца, населението старее, а младите се сè почесто во потрага по подобар живот надвор од границите, но и дека тоа не е проблем само во Македонија, туку и во цела Европа.

„Ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме- е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети. Нема ништо посвето од животот. И нема ништо потажно од тоа што денес нашата држава тивко се празни. Но исто така- нема ништо похрабро од народ што се буди“, рече Мицкоски.

Според него, задржувањето на младите не е борба на едно министерство, туку е борба на сите.

„ Затоа, нашата борба е: Да го направиме животот овде вреден; Да го направиме мајчинството благослов, а не товар; Да им дадеме на младите причина да останат; Да изградиме институции што не ја трошат туѓата младост, туку ја негуваат; Да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот. Знаеме дека нема магично решение. Но има намерна, постојана, државничка борба“, посочи Мицкоски.

Слично

Поврзани вести