Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Владата на СДСМ и Заев се однесуваат егзибиционистички кон спорот со името

Мицкоски: Владата на СДСМ и Заев се однесуваат егзибиционистички кон спорот со името

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју на телевизија Телма вечерва изјави дека Владата на СДСМ и Заев се однесуваат егзибиционистички кон спорот со името помеѓу Македонија и Грција.

Мицкоски вели дека на лидерската средба која што ја имале во минатото се договориле дека секој нареден чекор кој што ќе биде поврзан со преговорите за името, ќе бидат известени како опозиција.

„Ќе имаме лидерска средба после Велигден и претпоставувам дека на таа средба ќе не информираат како течат преговорите. Но, она што повторно го прави егзибиционистички целиот процес е оној документ кој што Коѕијас го донесе во Македонија на 20 страни. Потоа СДСМ така брзоплето им врати документ на 5 страни и тоа го разбрав од медиумите“- кажа Мицкоски.

Тој вели дека информации околу преговорите повеќе добива од медиумите. 

Слично

Поврзани вести