Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Владата е стабилна и без Таравари

Мицкоски: Владата е стабилна и без Таравари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека средбата со министерот за здравство, Арбен таравари, ќе се одржи во Владата во 17 часот. Порача дека Владата е стабилна, дури и ако Таравари со Алијанса за Албанците одлучи да коалицира со ДУИ на локалните избори.

- Сакам да слушнам генерално како размислува за последните  случувања. Има две опции - едната е онаа на Владата на реформи и онаа опција која години наназад ја криминализираше државата и ги уништуваше институциите. Тоа е изборот - трета опција нема. Сакам да слушнам од Таравари која е неговата опција. Што се однесува кај личните односи, како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто што го имаш или немаш.

Во неговиот случај најмалку три пати сум го одржал зборот дури и кога сум имал дилема, затоа заткулисни игри се провидни и лесно се идентификуваат и препознааат, а им се удираат од глава на крај на оние што ги прават. Никого не сум молел - со или без Таравари, Владата е цврста и стабилна, речеденеска Мицкоски при посетата на Штип.

Таравари денес изјави дека во моментот кога ќе одлучат да соработуваат со ДУИ, нема да сакаат да бидат дел од владата. Тој рече дека соработката со „Вреди“ е затворена врата, но соработката ќе се базира во зависност од демографијата на општините, додека повтори дека, во случај на соработка со која било опозициска партија, тие ќе ја напуштат владата.

„Во моментот кога ќе одлучиме, во моментот кога раководството на партијата ќе одлучи да оди со ДУИ, ние нема да бидеме дел од владата, но засега, Централното претседателство има само една одлука, да излезе со нашите листи за општински советници и за соработка, сега гледам дека со ВЛЕН тоа е затворена врата. Врз основа на демографската структура на општината, таква ќе биде и соработката. Ние сме автономна партија. Ние одлучуваме и ги донесуваме сите одлуки во нашите партиски тела. Кога или ако донесеме соработка со која било партија што не е во владата, повеќе не се гледаме себеси како дел од владата“, рече Таравари.


Слично

Поврзани вести