Мицкоски: Вевчанскиот карневал за прв пат без финансиска поддршка
Вевчанскиот карневал, кој преку сатира со маски го критикува владеењето, за прв оваа година нема да добие државна финансиска поддршка, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што рече лидерот на опозициската партија, Министерството за култура „обезбедило" дури нула денари за одржување на ова традиционална манифестација,
„Министерката за некултура ја покажа својата некултура уште еднашка како што тоа го направи напати во изминатиот период. И покажа дека не е министер на сите граѓани, не е министер на сите општини. Така што за првпат еве оваа година Вевчанскиот карневал доби нула денари поддршка од министерството за култура“, рече Мицкоски пред медиумите.
Тој додаде дека општината, иако има скромен буџет, ќе го помогне финансиски настанот.
Слично
