Мицкоски: Ветуваа живот донесоа чемер и јад
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Љубанци изјави дека студентите си заминуваат од Македонија, она за тоа што ние ги учевме, она за што ние ги обучувавме не можеме како Македонија да го користиме.
„Ја напуштија земјата и сега своето парче леб, својата кариера, својата професионална наобразба за жал ја градат во некоја туѓа земја“- вели тој .
Мицкоски додава ваква апатија никогаш не било во Македонија.
„Нѐ излажаа, нѐ изневерија. Ветуваа живот донесоа чемер и јад“- додава тој.
Мицкоски повтори дека на втори јуни партијата организира масовен митинг пред Владата.
Слично
