Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски вети дека по 15 јули ќе се стави крај на криминалците

Мицкоски вети дека по 15 јули ќе се стави крај на криминалците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Ѓорче Петров изјави дека по 15 јули ќе се стави крај на криминалците. 

„На власта, кожните фотелји, дебелите персијанци, долгите лимузини и беа приоритет. Бидејќи така сакавте, така и ќе завршите. На 15 јули ќе ве пратиме на темната страна на историјата и жестоко ќе ве победиме. Оваа коалиција, овој народ овде има да ви покаже како се љуби татковината, како се сака Македонија. Обединет, сплотен Македонецот, Албанецот, Босанецот, Турчинот, Ромот, Влавот, Србинот, сите еден до друг ќе се борат за својата Македонија“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека македонскиот народ ќе се бори за подобра Македонија, за која секој еден сонува.

Слично

Поврзани вести