Мицкоски вели се координираат - дали ќе се вратат пратениците во Собрание?
Новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска по средбата со премиерот Зоран Заев, изјави дека разговарале за повеќе актуелни теми во кои ги презентирале своите аргументи и ставови, и како што вели тој нормално се разликуваат.
Мицкоски напомена дека сепак ваквите средби се конструктивни и очекува да ги има почесто во наредниот период.
Тој вели дека партијата во моментов се координира, а утре ќе соопштат дали пратениците на ВМРО -ДПМНЕ ќе се вратат во Собрание.
Во однос на партијата Мицкоски рече дека во иднина промените ќе бидат забележливи.
Toj рече дека политичкиот дијалог не ни бил закочен.
Ова е прва средба на Заев и Мицкоски. За време на викендот на конгресот во Валандово, Мицкоски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
