Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски вели дека СДСМ ја заплашува администрацијата дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе ги брка од работа

Мицкоски вели дека СДСМ ја заплашува администрацијата дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе ги брка од работа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека администрацијата не треба да се плаши за своите работни места, и дека треба да излезат на избори и слободно да гласаат. 

Вели дека врз нив се засилуваат притисоците како што наближуваат изборите. 

„Овие денови ми доаѓаат информации од повеќе општини и градови како локалните функционери на СДСМ се закануваат до вработените во администрацијата, создавајќи страв дека доколку дојде во промена на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги брка од работа. Ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме“, рече Мицкоски.

Вели дека луѓето кои работат за плата не смеат да бидат мета на политички прогон. 

Слично

Поврзани вести