Мицкоски вели дека премиер не се станува од канцеларија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на граѓанска трибина во Охрид порача дека 60 пратеници се реалност кои партијата ќе ја оствари на изборите.
Тој зборуваше и за идејата на ДУИ за Албанец-премиер, и рече дека премиер не се станува во канцеларија.
„Треба да се излезе пред граѓаните и да се добие поддршка така се станува претседател на Влада. Ја прифатија идејата на ВМРО-ДПМНЕ за шпицен кандидат, сега се надевам дека ДУИ ќе понуди и програма што ќе го привлече вниманието на сите граѓани без разлика на етничка припадност, а начинот на кој ја почнаа кампањата е дополнително оптоварување за граѓаните и дополнителна поларизација, а ние тој начин на водење политика го одбиваме. Тоа не е добар концепт, тоа ќе го видат граѓаните“, изјави Мицкоски.
Вели дека фокусот на нивното владеење ќе биде ставен на економијата.