Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски вели дека ако Данела не се извини директорите ќе ја тужат за клевета

Мицкоски вели дека ако Данела не се извини директорите ќе ја тужат за клевета

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека доколку скопската градоначалничка Данела Арсовска не се извини, директорите ќе покренат кривична пријава за клевета.

Вели дека како што знае,  тие ги повикале Антикорупциската комисија, Обвинителството и истражните органи да направат ревизија на нивното работење и да излезат со став во јавноста.

„Ако не се извини Данела Арсовска, колку што разбрав од нивните статуси и соопштенија, тие ќе покренат кривична пријава за клевета и нарушување на угледот“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека се разочарани од Арсовска и дека она што беше ветено не е исполнето, и затоа си го кажале ставот. 

Арсовска деновиве размени остри зборови со Мицкоски, но и со директорите на јавните претпријатија, кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија. Таа го разреши директорот на ЈП„Водовод и канализација“, Златко Перински.  Арсовска во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека од вчера во јавното претпријатие ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје се врши проверка на работата од страна на Управата за финансика полиција и Основноот јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.
Слично

Поврзани вести