Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од работата на Владата, одржан под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Тој додаде дека Владата ги поставила првите тули на новите темели со посветеност и љубов кон секој граѓанин, секоја заедница и секој сон. Мицкоски рече дека оваа била година на напорна работа, посветеност, враќање на довербата и стабилизација.

„Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина. Очекувам преку 400 проекти, мерки, чекори и реформи во наредниот период. Тие ќе бидат насочени на раст и развој, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, реформи во здравството, големи инфраструктурни зафати, даночна политика, справување со инфлација и трошоците на живот, поддршка за млади, земјоделци, работници, нови домови и возила“, рече  Мицкоски.

Вели дека ова е време на длабоки промени кои ги заслужуваме. 

Слично

Поврзани вести