Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: „Вардариште“ лесно може да се запали,само со еден отпушок

Мицкоски: „Вардариште“ лесно може да се запали,само со еден отпушок

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред медиумите,кои му посочија дека сосотојбата со пожарите на скопските депонии е акутна, рече дека „Вардариште“ може лесно да се запали во кое било време само со еден отпушок од цигара поради метанот што се создава.

- На кој му одговара тоа да се случува сега? Јас како човек кој ги познава процесите во физиката ви кажувам - тој метан,тој хемиски производ што се случува, тој ќе гори. Со еден отпушок од цигара тој ќегори секогаш кога ќе се создаде, а се создава секој ден,бидејќи тој е нус производ од неодлагањето на сметот таму,рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање.

Според премиерот, депонијата „Вардариште“, не се чувала и не се третирала, односно не се затрупувала како што треба, а за некој да ја запали не треба да има диверзантски вештини,туку доволно е да фрли отпушок од цигара.

Слично

Поврзани вести