Мицкоски: Вардар од Македонија шампион на Европа!
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му честиташе на Вардар за постигнатиот успех.
„Вака изгледа надојден Вардар, шампионски Вардар. Вардар од Македонија шампион на Европа! Нè направија горди во срцето на Европа. Вистинска радост за нашата земја“, напиша Мицкоски.
Вели дека нема запирање и тогаш кога е тешко, и тогаш кога има такви кои велат оваа е тешка задача.
„Вардар покажа дека сè е можно, и дека победите се реалност, со срце, со сила, непокорност и со нескршлива верба во себе. Честитки за црвено црните на Вардар. Браво ШАМПИОНИ!, додава тој.
Вардар е нов европски ракометен шампион.
Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).
Слично
