Мицкоски: Утре пред пратенички прашања да се изгласаат мерките од пакетот за помош
Пред д апочне седницата з апратенички прашања, утре, да се изгласаат и четирите закони за помош на граѓаните и стопанството, предлага Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ. Тој уште тврди дека Заев сака покрај тие да вметне и други законски предлози на седница на која и ВМРО-ДПМНЕ би обезбедило кворум за работа.
„Со цел да нема изговори и да излезе на површина фактот кој работи за интересите на граѓаните, а кој за свој личен интерес, барам од Собранието на утрешната седница каде и така има предвидено пратенички прашања, пред да почне собраниската седница за пратенички прашања да се закаже собраниска седница со дневен ред со четирите закони кои се од интерес за граѓаните, стопанството и поврзани со кризната состојба, или поточно: Одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради корона вирусот и измени на законите за финансиска поддршка на работодавачите, финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од корона кризата и измените на Законот за данокот на личен доход. Ќе потенцирам уште еднаш, иако поддршката од Владата е мала и недоволна за фирмите и граѓаните, сепак истата ќе биде поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Мицкоски.
Додава дека граѓаните не треба да се заложници на Владата. Во Собранието впрочем опозицијата одбива да направи кворум за работа.
Слично
