Мицкоски: Уставни измени без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да има
Уставни измени без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да има, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска во интервју за централниот дневник на Алсат-М телевизија, посочувајќи оти актуелната Влада нема да попушти на, како што рече, уцени поврзани со бугарските барања.
Мицкоски оцени дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ „потпишала капитулација“ со прифаќање на тие барања и изнесе три пораки во врска со актуелната политичка состојба.
„Јас испраќам генерално три пораки. Првата порака е дека уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема. Политичарите од опозицијата можат да бидат мекото ткиво на македонскиот идентитет и државност, и тоа е она кое што го избрале, јас не можам ниту да им судам, ниту да давам пофални зборови. Второ, јас сум свесен, апсолутно дека претходната Влада потпишала бел лист хартија која што ние ја нарекуваме капитулација, поради различни интереси. ДУИ имала едни интереси тогаш, СДСМ имала други интереси. Но, она што ги обединува е мислата и желбата дека ако потпишат бел лист хартија едноставно некој ќе им ја подари победата на парламентарните избори кои што следеа. Очигледно е дека тоа не се случи и тие се сега во длабоко опозиција и во внатрешно дезинтегрирање на структурите и на едната и на другата политичка партија“, порача Мицкоски.
Тој додаде дека Владата е свесна за обврските преземени од претходниот кабинет, но и за, како што наведе, обврските на Бугарија во однос на човековите права.
foto printskrin
