Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски уште еднаш се повика на изјава на Пендаровски за 27 април

Мицкоски уште еднаш се повика на изјава на Пендаровски за 27 април

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, вчера на протестот пред Владата и Собранието, на кој се бараше ослободување на осудените за уапдот на 27 април 2017, уште еднаш упати порака до претседателот Стево Пендаровски.

„Пендаровски ја менуваше својата изјава во неколку наврати, првично рече дека луѓето не се вниновни за тоа што се осудени, и тоа е нашето барање. Тоа е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за да денеска Кацарска стане претседател на Уставниот суд“, изјави меѓудругото водачот на најголемата опозициска партија.

Откако Пендаровски на телевизија го искажа своето мислење за упадот во Собранието на 27 април 2017, Мицкоски побара средба со шефот на државата. Но, по нејзиното одржување, Пендаровски рече дека осудените може да бараат помала казна само доколку изнесат нов доказ пред правосудните органи.

Слично

Поврзани вести