Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Укинувањето на економските директори денес на владина седница

Мицкоски: Укинувањето на економските директори денес на владина седница

Премиерот Христијан Мицкоски претпладнево објави дека на денешната владина седница ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствената заштита, со што ќе се укине институцијата "економски директори" во јавните здравствени установи.

„Со оваа мерка се стремиме кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги.

Новите законски одредби предвидуваат дека здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите ќе бидат раководени од само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето. На овој начин ќе се лоцира и одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето“, објави Мицкоски.

Премиерот смета дека оваа реформа ќе овозможи пренасочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата, зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, како и подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.


Слично

Поврзани вести