Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Убијците од „Мавровка“ избегале од затвор во време на СДСМ

Мицкоски: Убијците од „Мавровка“ избегале од затвор во време на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека уапсените убијци на еснафот Васил Ефтимов кај ТЦ „Мавровка“ претходно избегале како осуденици од затвор,но дека тоа го направиле додека СДСМ бил дел од власта.

„Па да, избегани биле кога СДСМ бил дел од Владата. Но она што е важно е дека е загубен чоечки живот, а криминалците се фатени и изведени пред лицето на правдата. Секој оној кој мисли да се занимава со криминал ќе биде фатен и ќе биде испратен онаму каде му е местото – зад решетки. Мора сериозно да се занимаваме со битката против кирминалот и да го направиме криминалот неисплатлива професија. Секој криминалец кој мисли дека може да профитира со криминал, многу брзо ќе се разочара, и ќе биде сместен каде што му е местото“, речеденеска Мицкоски.

Според премиерот, бизарното убиство во кое уапсените сметале дека жртвата носи со себе големо количество злато, се злоупотребува за политички поени.

„Постојат политички глодари кои мислат дека на таков начин ќе спечалат поен на сметка на загубени животи, но жалам што тие не гледаат во минатото и што правеа тие додека беа во владата, и што ние денеска мораме да поразиме. Но, ќе се бориме и ќе победиме. Не се само тие, набљудуваме уште неколку групи, и низ Скопје и низ цела Македонија. Тука идентификувавме три групи, кои имаат логистика и во затворите, и се занимаваат со изнуда, тероризам, тежок облик на криминал, и очекувам многу скоро и за нив криминалот да биде неисплатлива професија“, рече Мицкоски.


Слично

Поврзани вести