Мицкоски убеден во сигурна победа на избори, Заев вели нема шанси тоа да се случи
Двајцата лидери на најголемите политички партии во државата се убдуваат кој има поголеми шанси за победа на следните избори.
Премиерот и лидер на владеачката партија СДСМ, Зоран Заев смета дека опозицијата нема никакви шанси за изборите.
Коментирајќи ги барањата на опозициската ВМРО ДПМНЕ за оставка на премиерот и распишување предвремени парламентарни избори , Заев изјави дека шансите на опозицијата на изборите во земјава се никакви.
-Со датум за преговори со ЕУ, како земја членка на НАТО и добри економски параметри шансите на опозицијата на изборите се никакви-рече Заев во собранието.
Од друга страна пак, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден во победа.
Неговиот став е дека власта ја пустоши државата, води лоши политики со криминал и не се откажуваат како опозиција од своите позиции.
