Мицкоски убеден во пораз на СДСМ, најавува и парламентарни по претседателските избори
Опозицискиот лидер е убеден во победата на неговата партија ВМРО ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.
Партијата на Христијан Мицкоски за шеф на државата ќе трча со универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за која Мицкоски очекува голема поддршка.
Во синоќешното интервју за 1ТВ опозицискиот лидер посочи дека се плаши од бојкот на владеачката коалиција која ќе доживее пораз и ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори.
Мицкоски го искоментира и консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ чие име јавноста ќе слушне утре.
„Тој е најмалку консензуален кандидат“- смета првиот опозиционер.
Слично
