Мицкоски тврди дека Владата на Заев е минато
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека Владата на премиерот во оставка Зоран Заев е минато.
„Ја очекуваме оставката на Заев, која ја најави. Доколку тоа не се случи, ќе доставиме барање за гласање недоверба на Владата“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави фотографи од средбата со Арјанит Хоџа од Беса, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и Димитар Апасиев од Левица. Тие имаат мнозинство.
Апасиев рече дека имаат 61 пратеник, со танденција да стасаат до 64.
Слично
