Мицкоски тврди дека в.д. градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани сторил кривично дело
Премиерот Христијан Мицкоски за барањето на в.д. градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани да остане на должноста до изборот на нов градоначалник, во согласност со Законот за локалната самоуправа, а да не се именува владин повереник, Мицкоски рече дека Лимани требал со медиумите да сподели и други работи.
„Не знам дали сподели со вас дека тој усвоил на Совет два детални урбанистички плана без да добие мислење на институциите, а тоа е кривично дело. Претпоставувам дека не споделил. Треба и тоа да го сподели до медиумите кога дава какви било сугестии“, рече Мицкоски.
Тој додаде и дека со коалициските партнери во Владата ја отвориле темата за именување владини повереници во четирите општини каде не беа избрани градоначалници и ќе разговараат.
фото Фејсбук/Валбон Лимани
