Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски тврди дека Македонија подобро реагирала од Швајцарија за пожарите во кои загинаа млади луѓе

Мицкоски тврди дека Македонија подобро реагирала од Швајцарија за пожарите во кои загинаа млади луѓе

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија подобро се справила од Швајцарија, во однос на пожарите во кои загинаа млади луѓе во дискотеки. 

На 16 март 2025 година настрадаа 63 луѓе во кочанската  дискотека „Пулс“, а на новогодишната ноќ на 1 јануари загинаа 41 лице во барот „Ле Констеласион“ во Кран-Монтана.

„Јас не сакам да бидам и да делувам некрофилски, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање, затоа што ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме, со она што се случи во Кран-Монтана во Швајцарија, можам да кажам дека неколкукратно подобро се справивме. Во сите параметри, во сите споредби. За жал не постои начин да ги вратиме тие кои не се повеќе меѓу нас. Но, од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан, со оној настан што се случи во дискотеката во Кран-Монтана, Швајцарија, неколкукратно подбро, верувале или не, системот македонски, институциите македонски реагираа подобро, отколку системот во Швајцарија и институциите во Швајцарија. И тоа се бројки“, вели премиерот. 

Вчера имаше комеморација за жртвите, но родителите беа разочарани и очекувале дека секое дете ќе биде споменато со име и презиме. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести