Мицкоски: Судскиот совет да постапи со судијата кој одреди куќен притвор за Рамадани
Премиерот Христијан Мицкоски побара од Судскиот совет да поведе постапка против судијата Пајазит Пајазити, кој му одобри куќен екстрадиционен притвор на Блерим Рамадани, пред тој потоа да побегне.
„Ова не е прв случај - првиот беше во 2016 а вториот во 2019,знам каде не е - не е во домашен притвор.Зошто е одлучено така? Затоа што во 2019 одлуката е многу јасна. Зошто тогашното лице кое било во екстрадициски притвор е ослободено. Ова лице е познато по многу контроверзни одлуки како онаа за М-НАВ. Тој ја суспендира судската пракса и ја надвладеа одлуката на повисокиот Врховен суд. Ова треба многу сериозно да се анализира“,речеМицкоски.
Тој како одговор рече дека „само е политичар“ и дека Судскиот совет е истанцата која треба да се занимава со овој случај. Според Мицкоски,ова е уште еден пример зошто Судскиот совет треба комплетно да се промени како состав.
Судскиот совет денеска на итна седница донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од Основниот кривичен суд Скопје, поврзани со случајот на Блерим Рамадани кој избега од куќен притвор додека беше во тек екстрадиционата постапка.
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на почетокот на денешната итна 495-та седница, изјави дека формално за ништо од овие случаи не е известена, но дека Судскиот совет има должност да реагира по допрен глас.
Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избега од куќен притвор од домот на роднини во земјава.
