Мицкоски со вонредно обраќање по усвојувањето на извештајот на ЕК: Ова е неправда!
Премиерот Христијан Мицкоски во вонредно обраќање до нацијата го искритикува како историска неправда усвојувањето на извештајот за Македонија од страна на Европската комисија без споменување на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ во него, како што иницираше македонската дипломатија.
Тој наведе дека повеќе по овој момент нема да се разговара за уставни измени и ја повика опозицијата на обединување, како и на независните институции и организации на соработка.
- Затоа велам неправда, скеој наш соѓраѓанин, не само Макеоднците, живеат со тие неправди и се со нас, рамо до рмао со децении, со векови на овие простори. Денешниот ден не е ништо поразличен, од оние од претходно, како идентитетска одредница - Илинденско востание, солунските атентатори, партизаните на сремскиот форнт
Македонија е блокирана по европскиот пат од Буарија, но таа блокада почна уште од 1990 кога од бугарската држава по ембарга и војни се случи еден гест на признавање на посебноста на нашата држава,но со одредница дека не се признава јазикот и идентитетот. Тогаш политичарите требаше да видат дека нашиот сосед има посебна агенда.
Бугарија работеше против нас и ова требаше на чистина да ги извади нивните скриени намери за најскептичните дека внесувањето на бугарското малцинство во нашиот Устав е единствениот проблем
Немав лажна надеж дека ќе успееме, знаевме дека во самата Унија има неретко конфликт на интереси, сето ни беше совршено јасно, никој не беше наивен дека сега и денес ќе се реши се.
Тие се водат од помислата да ја уништат македонската нација и идентитет, а некои ќе речат кому му е гајле кога Бугарија ги постигна своите намери. Точно е тоа, ние тоа го знаеме, но треба нам да ни е грижа да види светот со какви предизвици и неправди се соочуваме како народ во 21 век. Ова е нашиот Крушевски манифест со кој самите треба да се мобилизираме и да се збиеме со сите пријатели и сојузници затоа што е ова борба за основни фундаментални врендости, а веќе видовме дека Бугарија знае историски да ја утне вистинската страна. Не сакам веќе никогаш и никаде некој да ми споменува дека бугарското малцинство било проблем, уште утре можеме да го внесеме, но проблемот е многу подлабок од тоа, рече Мицкоски во дел од своето обраќање.
