Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски со „тешка“ изјава: Македонците се граѓани од втор ред во својата земја

Мицкоски со „тешка“ изјава: Македонците се граѓани од втор ред во својата земја

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа како гостин во студиото на Алфа ТВ искоментира дека Македонците се граѓани од втор ред во својата земја

„Денеска кога и да прошетате, со кого и да поразговарате, етнички Македонец во Македонија, секаде преовладува чувството дека Македонците се практично граѓани од втор ред во нивната сопствена држава“, рече Мицковски, а истовремено кажаното го постираше и на својот профил на Фејсбук.

Во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа кажа дека неговата партија го објаснила својот став на темата за пописот и дека стои на тој став дека ако остане ваквиот закон, кој патем се уште не е изгласан, ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на непопишување.

– Видете, ние тоа го кажавме и на прес конференции и стоиме на тоа дека ако остане овој закон ваков каков што е и оваа методологија ваква каква што е предвидена ние како опозиција нема да бидеме дел од тој попис и ќе ги повикаме граѓаните на непопишување, рече тој.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквиот начин на попишување е на штета на Македонците.

-Ние како опозиција мислиме дека овој начин на попишување единствено е штетен за мнозинската етничка заедница во Република Македонија, а тоа се Македонците и мислам дека е крајно време да се престане со принципот да Македонците се чувствуваат граѓани од втор ред во сопствената држава, наведе Мицкоски.

Смета дека актуелната власт размислува и за варијанта за негово апсење и верува дека постојано околу неговиот дом има луѓе кои го следат неговото движење.

- Еве ова нека биде и апел до оние луѓе кои што се врткараат, една специјална единица на Министерството за внатрешни работи изминативе денови околу мојата куќа со изговор дека се тука да го набљудуваат училишниот двор на училиштето кое што е во непосредна близина на мојот дом. Јас сум подготвен и тука нема никаква дилема дека знам која е целта на оваа деспотска власт, кажа Мицкоски.

Слично

Поврзани вести