МИЦКОСКИ СО КОШТА ЌЕ ПАТУВА ВО ТИРАНА: Премиерот најавува добри вести за Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека патува во Албанија. Наведува дека ќе има добри вести за нашата земја.
„Со Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер со добри вести за Македонија“, вели тој.
Инаку, Кошта рече дека за Македонија останува планот А, односно државата да ги реализира обврските кои ги преземала за уставни измени.
„Јасно е, тоа што е договорено е договорено, ние немаме што повеќе да се договараме. Сега треба да го испорачаме тоа на што се договоривме. Нема повеќе простор да се бара нешто друго за договарање“, изјави Кошта.
Кошта рече дека Македонија може да смета него и на Европската унија за олеснување за да се сврти страницата и да се продолжи напред, додавајќи дека сега е време да се заврши следниот чекор.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
