Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски следната недела ќе се види со Фетаи: „По средбата работите ќе бидат појасни“

Мицкоски следната недела ќе се види со Фетаи: „По средбата работите ќе бидат појасни“

На вчерашната прес конференција во Ѓорче Петров на која премиерот Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања, беше запрашан за статусот на вицепремиерот Арбен Фетаи и дали тој и покрај тоа што не оди на работа зема државна плата.

На новинарското прашање Мицкоски не одговори директно дали Фетаи зема плата, но укажа дека тој се уште е вицепремиер за добро владеење, од што може да се изведе заклучокот дека Фетаи и покрај тоа што веќе подолго време не оди на работа сепак државна плата му стигнува секој месец на сметка.

„„Вицепремиерот Арбен Фетаи, следната недела имаме јас и тој заеднички состанок. Така што, после тој состанок многу работи ќе бидат појасни. Инаку, официјално тој е потпретседател на Владата задолжен за добро владеење“, рече Мицкоски.

Фетаи последно се јави од Тајланд, од каде објави фотографија на социјалните мрежи.

Фетаи не оди на седници на Влада, ама праќа поздрави од Тајланд: На Фејсбук објави фотографија до Бангкок




Слично

Поврзани вести