Мицкоски: Шилегов набавил противпожарна скала од 1,7 милиони евра од Будимпешта
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја искритикува власта дека дозволила да се гасне пожарот во Галичник со застарена опрема, додека како што вели тој, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, набавил противпожарна скала за 1,7 милиони евра од Будимпешта.
„Во меѓувреме Петре Шилегов набави противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони €. Носител на набавката е Унгарска компанија..., да да компанија со седиште во Будимпешта.. Истата таа држава и град кои жестоко СДСМ ги анатемиса изминативе речиси три години, но бизнисот мора да врви. Додека пак врви бизнисот, а шумите горат, како партнер на Унгарската компанија се јавува истата компанија каде е косопственик зетот на секретарот на град Скопје. Чудно но вистинито, компанијата каде е косопственик зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов склучува договор со носителот на набавка во вредност од 33.244.500 денари или околу 540.000€.
А да..., сигурно штабски без основа ќе демантира град Скопје дека во периодот од 2012 и 2017 истата компанија добила тендери во времето на ВМРО-ДПМНЕ, нешто помалку од 150.000€, (иако не во тоа време, туку денес, снаата е секретар на градот, а компанијата ќе демантира дека има странски капитал од 2017 година и не бил зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов единствен сопственик, но во деновите што следат ќе откриваме се повеќе сомнежи за сторен криминал на Петре Шилегов и ќе гледаме штабско препелкање во обид да се одбранат..., но крајот се ближи, а со крајот и одговорноста следи“, напиша Мицкоски.
Мицкоски во прилог на неговото тврдење приложи и документи на својот профил на Фејсбук.
Слично
