Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Шекеринска го казнила Ковачки зошто напишал „долга е раката на ВМРО“

Мицкоски: Шекеринска го казнила Ковачки зошто напишал „долга е раката на ВМРО“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека полковникот Драган Ковачки, е казнет од министерството за одбрана затоа што напишал „долга е раката на ВМРО“.

- Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал “долга е раката на ВМРО, објави меѓудругото Мицкоски.

Ковачки вели дека е казнет со шест месеци запирање од платата, но дека не добил никакво решение и дека комисијата која решила да го казнува била составена од офицери со помал чин од неговиот.

„Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред Суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот, напиша Ковачки ан Фејсбук.

Офицерот е познат по тоа што н предлог на ВМРО-ДПМНЕ требаше да биде технички министер за внатрешни работи, но не стана бидејќи е униформирано лице.

Слично

Поврзани вести