Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: „Северна Македонија“ само во документи, за мене името е „Македонија“

Мицкоски: „Северна Македонија“ само во документи, за мене името е „Македонија“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска како пратеник го користеше старото име на земјата во својот говор на прес-конференцијата и порача дека тоа е негово основно човеково право. Уставното име, додаде тој, ќе се почитува само во формалната документирана форма.

„Тоа е мое човеково право, загарантирано со многу конвенции. Тоа е правото на слобода на говор и изразување

Јас не им се лутам на политичарите кога не го кажуваат потполното име, за мене мојата татковина е Макеоднија и ќе остане Макеоднија. Целокупната документација ќе биде почитувана, се додека тие закони и устав се во сила, онакви какви што се

Не може да сте лицемерни, а да кажувате работи кои не се вистинити. Во моите изјави ова ќе биде името - тоа е Макеоднија“, порача Мицкоски.

Идниот мандатар на новинарско прашање како жереагира на тоа што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најавил дека ова прашање ќе го покрене на престојниот сами на НАТО, рече дека „нема да се однесува талибански“.

„А на самитот на НАТО мојата парака ќе биде дека јас сакам да градам мостови со сите соседи. Македонскиот народ е мирољубив и гостољубив народ, а такви сакам да бидат нашите соседи

Јас нема да се однесувам талибански, а не очекувам талибанско однесување од кој било политичар

Ако дебатираме, тогаш да отвориме дебата кој колку реализирал од Преспанскиот договор“, порача Мицкоски.

Слично

Поврзани вести