Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Секој член на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде свесен за историскиот габарит кој го носи ова име

Мицкоски: Секој член на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде свесен за историскиот габарит кој го носи ова име

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето на централната прослава по повод 36-годишнината од формирањето на партијата во Струмица направи обемен историски осврт на развојот на ВМРО, истакнувајќи дека идеологијата и континуитетот на организацијата се длабоко вградени во програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека не сакал да држи историски лекции, но дека е неопходно да се потсетат граѓаните на историските факти.

„Секој член на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде свесен за историскиот габарит кој го носи ова име“, порача Мицкоски.

Тој истакна дека корените на денешната ВМРО-ДПМНЕ се поврзани со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација во 1893 година, која како своја основна цел ја имала борбата за автономна Македонија.

Според него, континуитетот со историското ВМРО не е апстрактен поим, туку суштинска идеолошка определба која била прифатена од сите партиски раководства во изминатите 36 години и останала дел од политичкиот идентитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во говорот, Мицкоски се осврна на различните периоди од историјата на ВМРО, потсетувајќи на подемот на организацијата во времето на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Јане Сандански и Христо Татарчев, како и на Илинденското востание од 1903 година.

Тој нагласи дека организацијата во текот на своето постоење минувала низ бројни предизвици.

„Секогаш кога сакале да ја уништат, ВМРО како чувар на Македонија и производ на својот народ се враќала посилна“, истакна Мицкоски.

Тој заклучи дека историјата покажала оти ВМРО секогаш успевала да опстане и да се обнови во моменти кога многумина сметале дека нејзината улога е завршена.

фото принтскрин јутјуб

Слично

Поврзани вести