Мицкоски: Сега не би размислувал за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник на Кочани
За премиерот Христијан Мицкоски засега е неприфатлив предлогот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да се оди со заеднички кандидат за градоначалник на Кочани на локалните избори, по трагедијата што го снајде овој град.
- Не би влегувал во таков тип на политиканство, се уште раните од ужасната трагедија не се залечени, а ние сега да размислуваме за заеднички кандидат за Кочани. Тоа ќе предизвика дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски, Уште не се 40 дена поминати од тој настан., рече Мицкоски денеска при посетата на Ново Село.
Тој додаде дека сепак е подготвен за лидерска средба со Филипче, но кажа дека досега не добил повик од СДСМ.
- За лидерска средба - тоа е пресериозна тема да се разговара преку јавноста. Доколку цени дека треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука за сериозни теми. Оставам на нив, ја сум подготвен за секој термин да го примам доколку има сериозни теми, наведе тој.
