Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски се заблагодари за собраните над 500 потписи за неполн час

Мицкоски се заблагодари за собраните над 500 потписи за неполн час

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека се собрани повеќе од 500 потписи за неполн час, иако за иницијативата за референдум се потребни само 100.

„Благодарам за брзиот одговор и иницијативност. Народот не сака решенија со кои се негира нашата посебност и идентитет“, напиша  Мицкоски на социјалните мрежи.

Вели дека сега на потег е Собранието. 

Мицкоски до Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата со референдумското прашање „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на Македонија и Бугарија објавен во СБ 12/2018 од 18.01.2018“.

ДИК во наредниот период треба да ја достави иницијативата до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а потоа понатаму да продолжи до двете собраниски комисии - законодавмо-правната и таа за политички систем кои треба да утврдат дали е уредна.

Мицкоски го повика и претседателот на државата, Стево Пендаровски да ја почитува иницијативата и јавното мислење.

Слично

Поврзани вести