Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски се врати од Будимпешта: Со Груевски се немам сретнато откако СДСМ го пушти да избега

Мицкоски се врати од Будимпешта: Со Груевски се немам сретнато откако СДСМ го пушти да избега

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се врати од дводневната посета на Будимпешта и Виена и на прашањето дали во главниот град на Унгарија се сретнал со Никола Груевски кусо за „Независен“ изјави дека со поранешниот македонски премиер не се видел „откако СДСМ го пуштил да избега“.

- Со Груевски немам контакт уште од периодот кога владата на СДСМ му овозможи да ја напушти земјава, е кусата порака од Мицкоски за „Независен“.

Мицкоски во Будимпешта оствари средба со Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, земјата која му одобри политички азил на Груевски.

Претседателот на најголемата опозициска партија утре „Денот на републиката“ , исто како и лани, ќе го прославува во струшкото село Ташмаруништа.

Слично

Поврзани вести