Мицкоски: Се укинуваат визите за патување во ОАЕ
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Обединетите Арапски Емирати донеле одлука за укинување на визите за македонските државјани за патување во таа земја.
Ова е, како што напиша премиерот, прва мерка од страна на Емиратите по еднонеделната посета на владината делегација.
„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!
Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство“, објави премиерот на социјалните мрежи.
Слично
