Мицкоски се сретнал со Орбан
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на 1ТВ негираше дека неговите посети на Србија и Унгарија имале некаква поврзаност со бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски.
„Да, точно е дека изминатиот период го искористив за низа патувања, меѓу кои беше и патувањето во Србија, но тоа беше приватно патување и не се сретнав со Вучиќ, тој тогаш не ни беше во земјата. Тоа го искористив и да отидам до Унгарија за да се видам со Орбан, неколку недели пред скандалозното бегство на Груевски. Јас ги охрабрувам да покренат истрага за тоа, слободно да истражат. Јас стојам на располагање. Со Орбан не разговаравме за Груевски, туку за Конгресот на Европската народна партија“, вели Мицкоски.
Тој бара надлежните што поскоро да дадат детали како и зошто се случило бегството.За податокот дека му расте рејтингот, изјави дека бројките не се важни, туку важно му е да ги види соседите среќни, да имаат добри примања, да живеат подобро.
