Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски се сретна со Вучиќ во Белград

Мицкоски се сретна со Вучиќ во Белград

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград по завршувањето на средбите на состанокот на Европската народна партија. 

Мицкоски наведе дека средбата е во рамки на двајца претседатели од две сестрински партии - ВМРО-ДПМНЕ и СНС и се разговарало за нивна соработка.

„Имав можност во Белград да остварам средба со претседателот на Република Србија и претседател на СНС, Александар Вучиќ. Разговаравме за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно стана збор и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план. Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Не се споменува дали имало некаков разговор помеѓу партиските лидери и за денешното потпишување на пристапниот Протокол за влез на Македонија во НАТО.


Слично

Поврзани вести