Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ВАЈЦ: Објави за што разговарале

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ВАЈЦ: Објави за што разговарале

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата се сретна со известувачот на Европскиот парламент за земјава Томас Вајц, на која акцентот бил ставен врз потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди.

„Денес остваривме средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц. На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за предизвиците и можностите во процесот на евроинтеграција“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Посебен акцент, како што инфирмира Мицкоски, бил ставен на владеењето на правото, институционалната стабилност и потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести