МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ШАРЛ МИШЕЛ: Европа да, врз основа на реални критериуми
Европа да, врз основа на реални критериуми, порачал премиерот Христијан Мицкоски во Брисел.
Тој на социјалните мрежи информираше дека имал средба со првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел на кој порачал дека е за Европа, но исклучиво врз база на реални критериуми.
„Имав средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Разговаравме за европската иднина на регионот и нашите потенцијали. Европа да, врз основа на објективни и реални критериуми“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Тој претходно се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Мицкоски побарал Брисел да не додава зачини во процесот за евроинтеграции.
Слично
