МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО РИКЕР: Разговараа за предизвиците со кои се соочува Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на посетата на САД се сретна со поранешниот амбасадор Филип Рикер.
„Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер. Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија, поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси. Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните“, пишува Мицкоски.
Премиерот на социјалните мрежи објави фотографии од средбата. Рикер беше петтиот амбасадор на САД во Македонија, односно од 2008 до 2011 година.
Слично
