Мицкоски се сретна со рабинот Ендру Бејкер и претседателот на Еврејската заедница во Македонија Виктор Мизрахи
Вчера, по повод еден од
најтажните денови во македонската историја, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со
претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Виктор Мизрахи и рабинот
Ендру Бејкер директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот Еврејски
Комитет.
Тие зборуваа за тешката судбина на македонските евреи која започна на 11 март точно пред 75 години со депортација на Евреите од Македонија во концентрациониот логор во Треблинка. Мицковски оддаде почит на претставниците на еврејската заедница и изрази длабоко жалење за траорната судбина на протераните македонски евреи пред 75 години.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека вакво нешто не смее никогаш да се повтори. Тој додаде дека македонскиот народ гледа голем пријател во еврејскиот и дека плодната соработка помеѓу двете држави треба да продолжи и понатаму преку нови и засилени форми на соработка.
