Мицкоски се сретна со Орбан во Будимпешта
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата ФИДЕС, Виктор Орбан.
„На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Го истакнав ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот“, објави претседателот на најголемата опозициска партија.
Мицкоски му пренел на Орбан дека македонската влада не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза и, како што вели тој, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси.
„Исто така нотирани беа и предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ“, додава Мицкоски.
Слично
