Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски се сретна со наследникот на Хојт Ји

Мицкоски се сретна со наследникот на Хојт Ји

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски првата средба во САД ја оствари со Метју Палмер, Заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е наследник на Хојт Ји во Стејт Департментот.

На средбата Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.

На средбата се разговарало за актуeлната политичка состојба во Република Македонија, пришто Мицкоски нагласил дека во овој момент граѓаните на Република Македонија се соочуваат со правна несигурност и злоупотреба на правосудниот и административниот систем со цел остварување на тесни интереси на актеулната владејачка коалиција.

Мицкоски на средбата нагласи дека е потребна одговорност за таквото однесување, на сите поединци кои постапуваат спротивно на законите и ги злоупотребуваат институциите, велат од опозициската партија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата со Палмер истакна дека Република Македонија мора да остане посветена на стратешкото сојузништво со САД и градењето на односи базирани на силна доверба и взаемна почит.


Слично

Поврзани вести