МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ЛИДЕРИТЕ НА ВЛЕН: Имале конструктивен разговор
Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со лидерите на Влен, а средбата поминала во конструктивна атмосфера.
Во Владата попладнево се одржа средба на премиерот со лидерите на коалицијата „Вреди“ Биљал Касами, Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими.
Зборувале за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. Од Владата информираат дека разговорите продолжуваат.
Средбата претходно денеска ја најави и лидерот на Движењето „Беса“, Биљал Касами кој во изјава за медиумите рече дека заедно со Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими вечерва ќе имаат средба со премиерот.
Вчера, премиерот се сретна со Арбен Таравари од Алијансата за Албанците. Средбата заврши без епилог, но од Владата за медиумите соопштија дека поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднината за функционирањето на АА.
