Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО КРИС ПАВЛОВСКИ КОЈ Е ВО ПОСЕТА НА ПРЕСПА: Откри на која тема разговарале

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО КРИС ПАВЛОВСКИ КОЈ Е ВО ПОСЕТА НА ПРЕСПА: Откри на која тема разговарале

Крис Павловски,  бизнисмен и човек кој важи за близок до американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со премиерот Христијан Мицкоски во земјава. 

Премиерот на социјалните мрежи објави фотографија од средбата. 

„На пријателска вечера со Крис Павловски, кој овие денови е во посета на неговата Преспа. Разговаравме за перспективите и иднината на Македонија, и користењето на сите шанси што ќе направат развој и просперитет на нашите граѓани“, напиша Мицкоски. 

Во мај годинава, Павловски истакна дека има длабока поврзаност со Македонија, бидејќи неговите родители потекнуваат од Преспа и Мариово. Тој додаде дека инвестирал во земјата уште во 2011 година, кога отворик компании и вработил многу луѓе.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести