Мицкоски се сретна со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Тој на социјалните мрежи објави фотографија од средбата.
„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“, напиша Мицкоски на својата Фејсбук страница, објавувајќи фотографија со Јанкулоска, која одлежува затворска казна во затворот Идризово.
Јанкулоска е осудена во предметот „Тенк“, а нејзиниот адвокат Влатко Илиевски изјави дека таа го користи вториот дел од годишниот одмор и средбата со Мицкоски се одржала во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Неколку дена по ред има превирања во ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот претседател на партијата и поранешен премиер, Никола Груевски кој е во Унгарија на социјалните мрежи упати критики кон Мицкоски, но и тој кон него. Тема беа уставните измени и дали имало тајни разговори со власта.
Слично
